Цело лето можевме да јадеме само салати. Лесните и хранливи салати се совршен летен оброк кој ќе не засити, но нема да ни го отежни стомакот. Една од моите омилени салати е секако италијански специјалитет, односно салата Капрезе. Таа ги носи вкусовите на летото во чинија, а во продолжение ви го откриваме рецептот за салата Капрезе.
Состојки:
– 2 домати со средна големина
– 1 моцарела
– маслиново масло
– сол
– свеж босилек
Измијте ги доматите и исечете ги на тенки парчиња исто како моцарелата. Ставете го на чинија, посипете со сол и намачкајте со маслиново масло, а одозгора ставете листови босилек.