Рецепт за слатка ЗЕЛКА од поранешна Југославија: Вака ја подготвуваше секое домаќинство

Вкусен ручек кој многумина ќе ги врати во детството

Секој од нас има сеќавање на едно детско јадење кое било популарно во стара Југославија. Една од нив е слатката зелка без месо по рецептот кој ви го претставуваме.

1 зелка
1 чаша флаширани домати
1 кромид
2 моркови,
свеж магдонос, сол
2 чешниња лук

Запршка:

половина лажица брашно
малку масло
мелена и изматена лута пиперка

Подготовка:

Морковот и кромидот ситно се сечкаат и се пржат во тавче со малку масло. Исечете ја зелката и ставете ја во тенџерето. Истурете вода и оставете да се вари околу половина час. Додадете ги доматите од шишето. Додадете сол. Во тавче ставете малку масло и половина лажица брашно и пропржете. Додадете мелена пиперка и малку изматена лута пиперка по желба и со неа пропржете ја зелката. Нежно промешајте. На крајот додадете лист магдонос.