Секој од нас има сеќавање на едно детско јадење кое било популарно во стара Југославија. Една од нив е слатката зелка без месо по рецептот кој ќе ви го презентираме сега.
ПОТРЕВНИ СОСТОЈКИ:
1 зелка;
1 чаша цедени домати;
1 главица кромид;
2 моркови;
свеж магдонос;
сол и 2 чешниња лук.
Запршка:
половина лажица брашно; малку масло цевен пипер и лута пиперка.
Подготовка:
Морковот и кромидот ситно се сечкаат и се пржат во тавче со малку масло. Исечете ја зелката и додадете ја во тавата. Истурете вода и оставете да се вари околу половина час. Додадете ги доматите од шишето. Додадете сол. Во тавче ставете малку масло и половина лажица брашно и пропржете. Додадете црвен пипер и малку лута пиперка по желба и со неа пропржете ја зелката. Нежно промешајте.
На крајот додадете лист магдонос.