Рецепт за фантастична торта: Совршената комбинација на овошје и чоколадо освојува на првиот залак

Опасно вкусната торта со банани и темно чоколадо, популарно наречена Малага, мора да ја пробате.

Тортата Малага изгледа многу украсно, вкусот е спектакуларен, а ќе се изненадите колку е лесно да се направи.

Состојки:

80 гр темно чоколадо,

100 гр путер,

100 гр гранулиран шеќер,

2 јајца, 1 кесичка ванилин шеќер,

1 лажица брашно,

1 прстофат сол,

6 банани

За кремот:

500 мл млеко,

5 жолчки,

1 чаша шеќер,

2 лажици скроб,

1 лажица путер,

1 кесичка ванилин шеќер

Прелив

100 гр млечна чоколада

100 гр мелени лешници

Подготовка:

Со хартија за печење обложете правоаголен или квадрат калап. Чоколадото и путерот растопете ги на пареа со постојано мешање. Се трга од оган и се остава да се излади со повремено мешање. Додадете го шеќерот и мешајте додека не се раствори, а потоа додавајте ги јајцата едно по едно додека мешате. На крајот додадете ванила, брашно и сол и убаво измешајте, префрлете во калап и израмнете. Се пече околу 40 минути во рерна загреана на 165 степени.

За кремот: Загрејте половина од шеќерот и млекото на тивок оган во помал сад за да се раствори шеќерот. Посебно се матат жолчките и остатокот од шеќерот, се додава згуснувачот и се мати додека не се добие мазна маса, па се додава масата во загреаното млеко со постојано мешање. Гответе додека не се згусне, тргнете од оган, додадете ванилин шеќер и оставете да се излади. Бананите исечкајте ги на половина, а изладениот патишпањ на парчиња со големина на тие половини, врз нив ставете го кремот од жолчка, а одозгора бананата, па добро притиснете го и израмнете го.

Чоколадна глазура: млечното чоколадо растопете го на пареа. Тестото со бананите и кремот се става на жица за глазура, се покрива со растопено чоколадо и се чека пет минути да се стегне. Префрлете ја тортата во чинија со сечкани лешници и обилно посипете ги страните со нив. Пред сервирање ставете ја во фрижидер најмалку 45 минути.