Теа Таировиќ денес е една од најбараните и најангажирани пејачки на просторот на поранешна Југославија, а долго време ја придружува титулата „кралица на бакшишот“, која со гордост ја носи и ја потврдува повторно и повторно.
Теа Таировиќ неодамна го одржа својот прв солистички концерт и со белградската публика ги отпеа своите најголеми хитови, а соседните медиуми во неколку наврати шпекулираа за нејзината заработка. Се зборуваше дека за четири месеци ќе заработи над половина милион евра, а пејачката не крие колку е горда и среќна што се искачила до самиот врв на музичката сцена на овие простори.
Сепак, малкумина знаат дека Теа Таировиќ е родена на 26. април 1996 година во Нови Сад и има 27 години. Живее меѓу Нови Сад и Белград. Пошироката јавност ја запозна во текот на 2015 и 2016 година, кога беше една од учесниците на натпреварот „Ѕвездите на Гранд“.
Теа Таировиќ танцува од својата 4-годишна возраст, а на Светското првенство во шоу танц го освои второто место. Тренирала стандардни и латиноамерикански танци, балет и џез балет. Завршила основно училиште и гимназија „Светозар Милетиќ“ во Нови Сад, а потоа се запишала на студии по психологија во родниот град.
Како што рекла еднаш, нема намера да студира психологија бидејќи уште од детството сонувала да стане пејачка. Нејзин идол е американската пејачка Бијонсе.