– Евростат денес објави дека околу 9,5 отсто од населението на Европската Унија (ЕУ) не можело да си дозволи оброк кој содржи месо, риба или вегетаријанска замена секој втор ден минатата година.
Заводот за статистика на 27-члениот блок соопшти дека оваа бројка е за 1,2 процентни поени повисока во споредба со стапката од 8,3 отсто во 2022 година.
„Покрај тоа, фокусирајќи се на луѓето во ризик од сиромаштија во 2023 година, на ниво на ЕУ тоа изнесуваше 22,3 отсто“, се вели во извештајот, истакнувајќи дека оваа бројка исто така се зголемила за 2,6 процентни поени на годишно ниво.
Највисок процент на луѓе кои се изложени на ризик од сиромаштија и не можат да си дозволат соодветен оброк е забележан во Словачка (45,7 %), потоа во Унгарија (44,9 %) и Бугарија (40,2 %).
Од друга страна, најнизок процент е забележан во Ирска (4,2 %), потоа Администрацијата на кипарските Грци (5,0 %) и во Португалија (5,9 %).