Бројот на загинати во земјотресот со јачина од 6,3 степени според Рихтеровата скала денска во западен Авганистан се искачи на „околу 120“, соопштија властите, а повеќе од 1.000 други се згрижени поради повреди.
„Досега, повеќе од 1.000 повредени жени, деца и стари граѓани се вклучени во нашата евиденција, а околу 120 луѓе ги загубија животите“, изјави шефот за справување со последици од катастрофи во провинцијата Херат, Моса Ашари.