Според извештајот на грчкиот портал ,,Прототема”, млад човек од Бангладеш признал дека ја силувал и убил младата Анастасија Рубинска (27) на грчкиот остров Кос.
Откритието дојде откако беше пронајдена СИМ-картичката на мобилниот телефон на несреќната девојка, за која претходно се веруваше дека исчезнала, а всушност се наоѓаше во форензичките лаборатории на грчката полиција. Со анализа на картичката, експертите се надеваат дека ќе ги откријат клучните индиции кои ќе доведат до целосно решение на ова злосторство.
Телото на Анастасија Рубинска, кое беше во поодмината фаза на распаѓање, беше пронајдено минатата недела по шестдневна потрага. Таа исчезна на 12 јуни, а нејзиното тело беше пронајдено завиткано во вреќи за ѓубре и покриено со гранки во поле на Кос.
Островот Кос е местото каде што Анастасија планираа да работи летово со својот партнер Михал Сливински, со кој е во врска од својата 18-та година.
Исчезнувањето на Анастасија ги вознемири властите на островот, кои како главен осомничен именуваа млад човек (32) од Бангладеш. На почетокот не признал дека ја убил девојката која била позната по убавата насмевка и љубовта кон животот и патувањето.
Сèe уште не е јасно кој е мотивот за убиството и како исчезнувањето се претвора во брутално убиство на Анастасија.
Последен пат е снимена од безбедносната камера во понеделник, 12 јуни, нешто по 19 часот, додека сама купувала храна од ќебапчилница во Мармари. По час и половина камерата на мини-маркетот пред Мармари сними млада жена како излегува од продавницата со неколку кеси и пиво.
На истото видео таа се гледа како седи сама на терасата, а потоа се среќава со група од четворица Пакистанци. Околу 21 часот и 30 минути друга камера го снимила моментот кога Анастасија го запознава осомничениот млад човек од Бангладеш, со кој имала краток разговор пред да се качи на неговиот мотор и заедно си заминале. Од анализата на видеото може да се заклучи дека тоа не била нивна прва средба, што е една од мистериите во овој случај.
Михал Сливински (28) тврди дека ниту тој, ниту Анастасија не го познаваат тој човек.