Мажот рекол дека черепот му припаѓа на неговиот татко кој починал пред точно 45 години.
Жител на Белград, каде полицијата пронашла човечки череп во плакарот во собата, рекол дека тоа е черепот на неговиот татко, кој пред 45 години бил погребан во семејната гробница, дознава „Телеграф.рс“.
Неофицијално, тој го видел черепот кога го отвориле гробот за во него да биде закопан негов роднина.
- Синот тогаш забележал дека во черепот на неговиот татко ги нема златните заби. Тој тогаш се повредил и го земал черепот дома. Не ја известил полицијата за случајот – вели соговорник близок до истрагата.
По наредба на обвинителството, извршена е обдукција во Институтот за судска медицина.