Српскиот пејач Реља Поповиќ и неговата партнерка, пејачката Николија Јовановиќ ја објавија песната „Баш ти се свиѓа“ и ја шокираа публиката со експлицитни сцени.
Песната беше објавена на неговиот албум „Хотел Југославија“, а за еден ден собра повеќе од 700.000 прегледи на YouTube. Текстот го напишаа Реља и Ѓорѓе Ѓорѓевиќ, а видеото го режираше Иван Стојиљковиќ.
Освен текстот на песната, публиката беше изненадена и од видеото полно со 18+ сцени. Иако одамна сме навикнати на провокативни изданија во видеа со цел музичарите да привлечат што е можно повеќе прегледи и да привлечат внимание, многумина веруваат дека Реља и Николија ја преминале границата.
„Го притиснаа погрешното копче. Немам друго објаснување“, „Дали е ова музички спот за песна или за Порнхаб?“, „Гледам низ прсти како во хорор филм“, „Ми се чини дека треба да ги измијам очите со хлороводородна киселина“, се некои од реакциите.
Српските медиуми ја контактираа мајката на Николија, Весна Змијанац, за реакција, а таа изјави дека сè уште не го изгледала видеото и додаде дека ги поддржува во сè.