Рибарот со копје Џош Хамберт е тешко повреден во брутален напад на ајкула во јужниот дел на Пацификот.
Џош Хамберт ловеше подводен риболов во архипелагот Туамот кога му пријде ајкула и го касна за нога.
– Најважно за подводниот риболов е да имате партнер – рекол Хамберт, кој решил да нурне без придружба на почетокот на ноември годинава.
Хамберт нурна во архипелаг дом на најмалку 20 видови ајкули.
– По децении успешен подводен риболов на овие простори, за прв пат ме касна ајкула. Се фокусирав на фаќање риби и не обрнував внимание на мојата околина. Да имав, навреме ќе ја видев заканата – објасни Хамберт.
Тој додаде дека во текот на целата година се занимава со подводен риболов, како и дека не секогаш има придружба и често нурка сам.
– Сега риболовам сам во релативно плитка вода, внатре во лагуната, наместо на океанската страна – додаде Хамберт.
Несреќниот човек брзо бил спасен по нападот на ајкулата. Војската го префрлила со хеликоптер до најблиската болница оддалечена 480 километри.
– Земам силни лекови против болки, кои ми помагаат да спијам помирно. Останувам оптимист и многу трпелив во овој период на опоравување – заклучил Херберт, а пренесува Newsweek.