Соарес се лизнал и паднал во водата додека ловел риба на 25 декември.
Бразилскиот рибар Дејвид Соарес (43) бил спасен по два дена плутање во Атлантскиот Океан. Како што изјави за локалните медиуми, тој паднал од својот рибарски брод и пливал четири часа пред да наиде на пловка на која успеал да се качи .
Соарес исплови од плажата Атафона во северната држава Рио де Жанеиро на 25 декември кога се лизна и падна во водата додека ловеше риба .
„Првите 10 минути беа најтешки бидејќи сакав по секоја цена да се вратам на бродот, но струите беа премногу силни и не можев да стигнам до нив“, рече тој.
Кога сфатил дека мора да го напушти бродот, ги соблекол кошулата и панталоните бидејќи го влечеле до дното.
„Беше ветровито, па дозволив водата да ме носи за да изгубам што помалку енергија“, објасни тој.
По четири часа стигна до сигналната пловка, по која се искачи.
„Мислев дека ќе замрзнам до смрт“, се сеќава тој.
Дури по два дена бил забележан од рибари кои тргнале во потрага по него откако биле предупредени од неговото семејство. И покрај се беше насмеан и расположен. Го обземаа емоции кога ја виде реакцијата на рибарите кои го пронајдоа: „Сите плачеа“.