Ридигер и Матсен му се „закануваат“ на Мбапе

 Фудбалерот на Борусија Дортмунд, Јан Матсен, објави дека максимално ќе се ангажира во неговиот дуел со ѕвездата на Пари Сен Жермен, Килијан Мбапе пред почетокот на полуфиналниот двомеч од Лигата на шампионите меѓу двата клуба.

Матсен за германскиот клуб настапува од јануари, кога дојде на шестмесечна позајмица од Челси.

И покрај способноста за настап на неколку позиции, фудбалското созревање и изразените атлетски способности, Холанѓанецот не ја доби довербата од менаџерот на „сините“, Маурисио Покетино.

Од неговото пристигнување во Дортмунд, тој веднаш се наметна во стартната постава.

Првиот собир од тој двомеч е закажан за в среда од 21 часот, додека вториот финалист ќе биде познат по натпреварот помеѓу Реал Мадрид и Баерн.

-Ако веќе треба да „умрам“ (страдам), тоа ќе се случи од напор за време на спринтот (против Мбапе), изјави левиот бек пред мечот на „Вестфален“.

Ништо помалку заинтересиран за потенцијална пресметка со Мбапе не е ниту стоперот на Реал, Антонио Ридигер.

И Германецот и Холанѓанецот настапуваа за Челси, но тие не играа заедно бидејќи левиот бек главно ги поминуваше сезоните на позајмица додека Германецот играше на „Стемфорд Бриџ“.

-Ако во финалето се сретнеме со Париз и Килијан – ќе победиме. Ќе го победам – ​​може да помине топката, но јас ќе го срушам Килијан, изјави германскиот репрезентативец, а на прашањето за претходната пресметка со Мбапе додаде: „Дали сè уште ми е во џебот? Не, не… не би било во ред тоа да се каже, тоа би било знак на непочитување“.