Јадењето од т.н. „супер храна“ може да помогне во зајакнувањето на вашиот сексуален нагон, па дури и да го намали ризикот од срцев удар, тврди д-р. Мајкл Мозели. Како што додава тој, еден зеленчук делува точно како вијагра и вели дека Римјаните го користеле дури и како афродизијак.
Тоа им помага на вашите крвни садови да се шират, подобрувајќи го протокот кон вашите интимни делови и намалувајќи го крвниот притисок. Станува збор за цвекло!
„Бактериите во устата ги претвораат нитратите во азотен оксид. Ова предизвикува вазодилатација – проширување на вашите крвни садови. Тоа е она што го намалува вашиот крвен притисок и што исто така го прави, особено кај постарите луѓе, е да им даде поттик за да можат да станат поактивни“, објаснува тој.
Исто така, предупредува дека може да го намали ризикот од срцеви заболувања, срцев удар и мозочен удар, како и аневризма, болести на бубрезите и деменција. Претходните истражувања покажуваат дека пиењето шолја сок од цвекло секој ден ги враќа луѓето со хипертензија во „нормално“.
Цвеклото е богато со фолна киселина, која им помага на клетките да растат и функционираат. Оваа хранлива материја игра клучна улога во контролирањето на оштетувањето на крвните садови, помагајќи да се намали ризикот од срцеви заболувања, срцев удар и мозочен удар.
„Римјаните го користеле како афродизијак, сосема чудно. Механизмот е потполно ист како вијаграта. Она што го прави вијаграта е што предизвикува ослободување на азотен оксид и проширување на крвните садови, но најмногу околу гениталиите“, заклучил тој.