Рита Ора во минијатурни шорцеви и чизми на 30 степени: Таа привлече внимание и со натписот на маицата (фото)

Британската пејачка со албанско потекло, Рита Ора, привлече внимание со необичната облека што ја покажа за време на прошетката со својот сопруг во Сен Тропе.

Пејачката одеше во тесни црвени шорцеви, кои беа украсени со метални нитни. Минијатурната облека ја искомбинираше со впечатлива жолта маичка.

Жолтото парче облека имаше и знак на кој пишуваше: „Ги обожавам печурките“.
На оваа веќе необична комбинација таа додаде долги црни чизми со потпетици кои ѝ достигнуваа до колена.

За да го надополни својот елегантен изглед, ѕвездата на „Hot Right Now“ се дода со чанта на рамо со зебра принт. Изгледот го надополни со златни прстени, сребрени нараквици и црни очила за сонце.

Целата комбинација беше доста необична, особено за времето од годината и температурите што надминуваа 30 степени во Сен Тропе.

Нејзе ѝ се придружи и нејзиниот сопруг, со кого е во брак речиси три години, новозеландскиот актер и комичар Таика Ваитити.

Двојката, која се венча во Лос Анџелес и е заедно од 2021 година, следниот месец ја слават третата годишнина од бракот.

Рита е препознатлива по своите смели изданија и не се плаши да ризикува кога е во прашање модата.