Рита Ора го откажа своето шоу во Будимпешта само неколку часа пред да излезе на сцената, откако ја помина ноќта во болница.
Пејачката требаше да настапи на Campus Fesztival во Дебрецен, но по „наредба на лекар“ мораше да го откаже настапот.
Рита за новонастанатата ситуација ги известила своите фанови преку својата приказна на Инстаграм, каде ја следат 16,1 милиони луѓе. Сепак, таа не ја откри причината поради која заврши во болница.
„Ве молиме простете го овој неочекуван пресврт на настаните. За жал, нема да можам да настапам на фестивалот Кампус вечерва. Откако ја минав ноќта во болница во Будимпешта, треба темелно да се одморам и да ги следам упатствата на лекарот. Многу ми е жал за фанови кои ќе бидат таму денес таму и искрено сум благодарна за разбирањето“, напиша таа.
Здравствени компликации настанаа по нејзиниот настап во Вилнус, Литванија. Таа одржа концерт на кој присуствуваа 50.000 луѓе.
Следниот настап на Рита е закажан за 16 август на фестивалот Lovestream во Словачка.