Популарната пејачка Рита Ора беше водителка на MTV Europe Music Awards (EMA) во Лондон, а во еден момент се сети на трагично починатиот пејач Лиам Пејн (Пејн) со кој сними песна во 2018 година.
– Сакам да одвојам момент да се сетам на некој кој ни беше многу, многу драг. Неодамна го загубивме, а тој беше важен дел од светот на МТВ, мојот свет и, верувам, светот на многумина од вас дома, како и на сите овде вечерва – изјави пејачката.
Таа додаде дека тој е „еден од најљубезните луѓе што сум ги сретналс“ и истакна дека таа и продуцентите на МТВ разговарале како ќе му оддадат почит на Лиам.
– Мислам дека понекогаш е доволно само да се зборува. Имаше најголемо срце и секогаш беше првиот човек што нудеше помош. Тој донесе толку многу радост на секој простор во кој влегуваше и остави силен белег на овој свет. Затоа, да одвоиме еден момент да се потсетиме на нашиот пријател Лиам – рече таа на крајот.
После тоа, на доделувањето беше прикажан клип посветен на Пејн со натпис „MTV се сеќава на Лиам Пејн“, заедно со црно-бели фотографии и видеа од починатиот музичар, а дел од песната „Night Changes“ на One Direction течеше во позадина.
По смртта на Лиам, Рита Ора објави нивна заедничка фотографија и му посвети трогателна објава.
– Јас сум уништена. Тој беше добра душа, никогаш нема да го заборавам. Толку многу сакав да работам со него – ми беше задоволство да бидам со него на сцената и надвор од неа – напиша таа, меѓу другото.
Исто така, за време на концерт во Јапонија, додека ја пееше песната „For You“ од 2018 година, која ја објави заедно со Лиам, ја совладаа емоциите и се скрши на сцената.
– Сега не можам ни да пеам – рече таа, а потоа седна на бината и ја држеше главата додека публиката ја пееше песната.
Потсетуваме, Пејн почина откако падна од балконот на хотелот Casa Sur Palermo во Буенос Аирес на 16 октомври.