Познатата светска ѕвезда, Рита Ора, која има албанско потекло, повторно се покажа како „брилијантна“ со своето (не)познавање на историјата и геополитичките ситуации на Балканот.
Пејачката со албанско потекло гостуваше во американскиот подкаст „Dear Media“, а деловите кои се појавија на социјалната мрежа Тик Ток не беа многу позитивни.
„Родена сум во Косово. Во Албанија, добро, сега е Косово, но беше дел од Албанија. Потоа се преселив во Лондон кога имав една година…“, изјавила пејачката и шокирала со својата изјава.
Водителот на подкастот коментираше дека има многу Албанки во музичката индустрија, а Рита Ора продолжи.
„Тоа е прекрасно, кога почнав во 2012 година, тоа не постоеше. Сега ги имаме Дуа Липа, Бејби Рекс и прекрасно е. Мислам дека е природно да не споредуваат, особено што нема многу на светот… но ние тројца сме многу различни…“, кажа меѓу другото пејачката, но тој дел остана незабележан бидејќи на првата изјава за Косово и Албанија.
Секако, коментарите под видеото беа брутални и многумина ја повикаа дека шири лаги и дека треба да чита историска книга.