Британскиот премиер Риши Сунак денеска се очекува да го посети главниот град на Украина.
Посетата доаѓа во време кога Велика Британија најави дека ќе понуди нов пакет воена помош, хуманитарна поддршка и безбедносна соработка за Украина, договор што ќе го потпишат британскиот премиер и украинскиот претседател Володимир Зеленски. јавува Телеграф..
Преку овој пакт, ОК и обезбедува на Украина разузнавачки служби, сајбер безбедност, медицинска обука и одбранбена соработка против тековните руски напади.
Исто така, дел од договорот се 2,9 милијарди евра воена помош за годините 2024-2025 година.
Со оглед на човечките и материјалните штети што и се нанесени на Украина од почетокот на војната, ќе и биде понудена и финансиска помош од ЕУ и САД.
Се очекува ЕУ да помогне со 50 милијарди евра, а САД со 60 милијарди долари.