Ријана во брусхалтери ги воодушеви своите следбеници: Еден детал особено им падна во очи

Американската музичка ѕвезда Ријана го привлече вниманието на бројните следбеници на социјалните мрежи откако позираше во атрактивна облека.

Таа се фотографираше во долна облека и оглавици, а фризурата ја комплетираше со вел. Станува збор за новата колекција на нејзиниот бренд Savage x Fenty, која се вика На прв поглед.

„Еве ја невестата“, се вели во описот на фотографијата. Еден детал посебно им привлече внимание на фановите. Имено, пејачката носи веренички прстен и веруваат дека наскоро ќе се венча со својот партнер, раперот АСАП Роки.

Во коментарите имаше бројни комплименти за изгледот на Ријана.

„Се колнам, Ријана е единствената жена која ме натера да ја преиспитам сопствената сексуалност“, „Најубавата невеста“, „Роки е среќен маж“, се некои од нив.

Ријана неодамна објави дека таа и Роки ќе присуствуваат на овогодинешната Мет Гала, која ќе се одржи на 5 мај во Метрополитен музејот на уметност во Њујорк.

Тој е еден од домаќините на Мет Гала заедно со Ана Винтур, Луис Хамилтон, Колман Доминго, Фарел Вилијамс и Леброн Џејмс како почесен член.