Модниот дизајнер Роберто Кавали го доби своето шесто дете на 83-годишна возраст со својата партнерка Сандра Нилсон, која има 37 години.
Дизајнерот објави дека има син на кој му го дал името Џорџо по татко му.
– Сандра е добро. Бебето, кое се роди пред една недела токму овде во Фиренца, е преслатко и беше навистина емотивно да се види веднаш по неговото раѓање. Неговото име е Џорџо, како неговиот дедо, татко ми, кој беше застрелан од нацистите во масакрот во Кавриља кога имав четири години – изјави Роберто за списанието Новела.
И’ купил остров
Оваа вест буквално го шокираше светот со оглед на тоа дека Роберто е 45 години постар од Сандра. Роберто се забавува со Сандра од 2008 година, т.е. од нејзината 23-та година, додека манекенката изминативе години деноноќно се грижи за дизајнерот, со оглед на тоа дека имал сериозни здравствени проблеми.
Озборувачите шепкаа дека Сандра „му менува пелени“ и дека тој е со неа само за да се грижи за него, но сега сите останаа шокирани кога дознаа дека парот има и дете.
Гласините велат дека дизајнерот и’ купил приватен остров од благодарност, каде има луксузна вила со четири спални соби, куќа за лов, базен и терен за голф.
Јавноста се сомнева
Сандра беше модел кога го запозна Кавали и од тој момент беше маѓепсана со него. Дизајнерот со години и’ купува скапи подароци и ја носи секаде со себе, додека јавноста отсекогаш се сомневала во нивната љубов, со оглед на огромната разлика во годините меѓу нив.
Сандра е родена во Шведска, во светот на модата влезе на само 14 години, а со Роберто Кавали живее во последните 15 години.
Во 2006 година Сандра беше прогласена за најубава жена во Шведска, додека една година подоцна се појави на насловната страница на познатиот магазин Плејбој.