Роберт де Ниро вчера се појави пред Федералниот суд на Менхетен, затоа што неговата поранешна асистентка Греам Кејси Робинсон поднесе серија тужби против него.
Меѓу тие тужби беа и оние поради родова дискриминација и сексуално вознемирување. Актерот сведочеше првиот ден.
Инаку, ова не е првпат со неа да е на суд. Ова се случи и во 2019 година, кога неговата продукциска куќа ја тужеше за наводна кражба, гледање филмови и серии на „Нетфликс“ на работа и крадење на неговите „милиони милји за летот“.
Таа потоа се откажа од противтужбата поради родова дискриминација и сексуално вознемирување, како и низа лоши постапки на кои, како што самата изјави, била изложена во долгогодишната соработка со актерот.