Познатиот актер Роберт де Ниро се појави пред Федералниот суд на Менхетен, бидејќи неговата поранешна асистентка поднела голем број тужби против него, меѓу кои и оние за родова дискриминација и сексуално вознемирување.
Холивудската ѕвезда сведочеше на првиот ден од судењето. Греам Кејси Робинсон со години претходно работеше со Роберт де Ниро.
„Тоа се прости глупости“, порача славниот актер на вчерашното судење.
Првата правна постапка на Роберт де Ниро против поранешната асистентка беше во 2019 година, кога неговата продукциска куќа ја тужеше за наводно крадење.
Тогаш таа се откажа од противтужба (од 12 милиони долари) поради родова дискриминација и сексуално вознемирување и низа лоши постапки на кои, според нејзините зборови, била изложена за време на десетгодишната соработка со Роберт де Ниро, пишува Daily Mail.