На врвот на својата кариера, Роберт Де Ниро беше познат по маестралните мафијашки филмови и психолошките трилери. Што се однесува до комедијата, тој беше прилично неискусен, освен неговата улога во филмот „Кралот на комедијата“ на Мартин Скорсезе од 1982 година.
Работите во неговата кариера веројатно би тргнале на поинаков пат доколку ја прифатеше улогата во мегахитот „Сам дома“. Режисерот на филмот Крис Колумбус потврди дека Де Ниро бил во потесниот избор за улогата на еден од двајцата бандити.
Улогата на крајот му припадна на брилијантниот Џо Пеши, инаку близок пријател на Де Ниро, кој во тоа време имаше многу посилна комична позадина. Режисерот Колумбо изјави дека подготвеноста на Пеши да ја прифати улогата го изненадила, со оглед на тоа што неговиот последен ангажман бил сосема поинаков. Во филмот Goodfellas, покрај Роберт Де Ниро, тој го играше застрашувачкиот гангстер Томи Де Вито, за која улога подоцна доби Оскар.
Де Ниро никогаш директно не кажа зошто ја одбил улогата во „Сам дома“, но за CinemaBlend признал дека не му посветил многу внимание на филмот.
,,Ќе бидам искрен со вас, никогаш не сум го гледал Сам дожа. Можеби ќе го гледам со некое од моите деца“.
Дури една деценија по филмот сам дома, Де Ниро нурнал подлабоко во комичните води и покажал дека и за тоа го бива. Најмногу се истакна во улогите во филмовите Analyze This, Meet the Parents, The Intern и Dirty Grandpa. Можеме само да замислиме како би се одвивала комичната кариера на Де Ниро доколку „Сам дома“ беше неговата прва забележителна улога во жанрот.