Роберт Фицо по четврти пат стана премиер на Словачка

Левичарскиот лидер Роберт Фицо денеска е назначен за премиер на Словачка со четиригодишен мандат. Тоа е четврти пат Фицо да доаѓа на оваа функција.

Претседателката Зузана Чапутова ги назначи Фицо и неговиот кабинет откако партијата на Фицо Смер – победи на изборите и формираше коалиција со централно-левичарскиот Глас и националистичката Словачка национална партија.

Левичарската партија Смер на Фицо, која освои 42 места во парламентот од 150 места на парламентарните избори на 30 септември, потпиша договор за коалиција со левичарската партија Глас, која беше трета со 27 пратеници и ултранационалистичката, проруска Словачка национална партија, која има 10 пратеници во парламентот.

 Тој претходно најави дека планира да ја прекине воената поддршка на земјата за Украина.