Освен месецот и времето на раѓање, на формирањето на личноста и нашите навики влијание има и сезоната. Астролошките знаци се изведени од годишните времиња, односно од знаците на природата кои владеат во тие периоди, а научниците во Унгарија спроведоа истражување за тоа.
Професорката по психијатрија Ксенија Гонда, авторка на истражувањето, ги анализирала психотестовите на стотици студенти и ги споредила со датумот на раѓање , а потоа заклучила дека постои причинско-последична врска помеѓу времето од годината кога некој е роден , неговата личност и подложност на ментални болести.
– Се покажа дека родените во текот на зимата се „тенки од нерви“, додека психички најстабилните луѓе се родени во лето.
Пролет – повремена депресија
Родените во март, април и мај се секогаш добро расположени и оптимисти. Тие се способни да ги согледаат проблемите во позитивно светло и секогаш веруваат дека по дождот доаѓа сонце. Но, тие често поминуваат низ депресивни состојби. Според резултатите од истражувањето, родените во април се најподложни на оваа ментална болест. Од друга страна, депресијата е најмалку присутна кај родените во ноември.
Лето – промена на расположението
Децата од јуни, јули и август често се весели и друштвени и ретко страдаат од сериозни ментални болести. Многу експерти веруваат дека тоа е резултат на неколкумесечното добро време во моментот на нивното раѓање. Нивниот главен проблем е тоа што се склони кон брзи промени на расположението, а научниците веруваат дека тоа произлегува од негативното влијание на зимата врз мајката за време на бременоста.
Есен – раздразливост
Родени во есен, односно од почетокот на септември до крајот на ноември имаат променлива психичка состојба. Ова се должи на хранливата храна достапна за време на бербата и на фактот дека владеењето на зимскиот мрак сè уште не започнало. Кај нив е откриена ниска стапка на депресија и биполарно растројство, што е добро за нив. Единствената мана на нивната ментална состојба е склоноста кон раздразливост, но тоа им претставува поголем проблем на луѓето околу нив.
Зима – тенка со нерви
Најтенки со нерви се родените во декември, јануари и февруари. Тешкотиите со кои се соочуваат некои луѓе кои го слават својот роденден во зима вклучуваат депресија, драстични промени во расположението и во помала мера, шизофренија. Меѓутоа, соочувањето со овие болести ги прави „зимските деца“ објективни и подготвени да ја прифатат реалноста подобро од другите. Истражувањата покажаа и дека родените во јануари и февруари најверојатно ќе станат познати благодарение на нивната упорност и способност да се фокусираат на суштината во сите сфери.