Во Вишиот суд во Белград денеска се одржа судењето на родителите на момчето убиец, а според неофицијални информации тие се изјасниле за невини.
Во текот на рочиштето беше прочитано обвинението и беа дадени воведни зборови, а утре обвинетите треба да ја изнесат одбраната.
Плачеле на судењето
Да потсетиме, таткото и мајката на момчето убиец околу 11 часот влегоа во судницата во Палатата на правдата каде денеска се одржуваше судењето. На почетокот на судењето и двајцата плачеле.
Таткото на момчето убиец влегол во судницата со лисици на рацете и поминал покрај сопругата климнувајќи и’ со главата, но тие не оствариле никаква комуникација.
Зад нив седеле родителите на жртвите кои дојдоа на судењето.
Вишото јавно обвинителство предложи да се исклучи јавноста, но на тоа се спротивставија адвокатите на обвинетите.
На судењето беа присутни и сопственикот на стрелиштето каде момчето вежбаше гаѓање и тренерот кои се и на обвинителниот акт на Вишото јавно обвинителство.
При излегувањето од судницата, судските редари им дозволиле на сопружниците да се гушнат, а како што јавува репортерот на „Блиц“ од местото на настанот, и двајцата многу плачеле и се гушкале неколку секунди.