Родителите на Цеца никогаш нема да ѝ простат една работа! Болна исповед на пејачката, само еднаш проговори за ова: Животот ме однесе на другата страна… (фото)

Фолк пејачката Светлана Ражнатовиќ Цеца никогаш не криела колкава поддршка има од семејството, особено од мајка и’ и од татко и’. Освен тоа, Цеца и нејзината сестра Лидија често на тамошните медиуми истакнувале дека нивните родители биле прилично строги додека растеле, но дека се благодарни за тоа.

Цеца во една прилика истакна дека нејзиниот татко постојано ја возел на настапи, бидејќи таа веќе на девет години била на сцената и дека постојано се грижи за неа за некој менаџер да не ја земе под своја закрила и да заработи преку неа.

Она што Цеца особено го истакнува кога зборува за својата мајка и татко е фактот дека родителите „никогаш не и’ простиле“ што немала факултет.

– Бев одличен ученик и планирав да студирам психологија, но животот ме однесе во друга насока. Верувале или не, целиот мој успех и огромна кариера никогаш не биле доволни за моите родители. Не ми простија што не го продолжив образованието и не завршив факултет – искрена им беше Цеца на тамошните медиуми.

Инаку, Цеца Ражнатовиќ и самата како мајка уште од детството се придржувала до проверениот „рецепт“, па била строга кон децата Вељко и Анастасија.