– Анксиозноста е проблем што го има и кај возрасните и кај децата, а клиничките истражувања покажуваат дека над 20 отсто од младите се борат со оваа појава. Затоа, стручњаците препорачуваат дека за родителите е важно што порано да се работи на односот со децата.
Најчести признаци за посериозна вознемиреност кај децата се главоболка, забрзано чукање на срцето и стомачни болки, како и однесувањето со другите деца. Многу често, однесувањето на родителот може да доведе до анксзиозност кај децата без воопшто да биде свесен за своите постапки. Затоа е многу важно да е внимава што им се зборува. Следат неколку совети…
Соочувањето со своите сопствени несигурности е пред сѐ, на самиот почеток. Децата го следат и учат однесувањето на родителите. Не може да се очекува дека детето ќе има самодоверба ако ја нема возрасниот. Тешко е да се избегне стресот, но може да го промениме начинот на кој ги прифаќаме лошите вести и настани.
Поттикнувањето на избегнување обврски што му се чинат непријатни на детето – само ќе ја продлабочи неговата анксиозност откако ќе мора да се соочи со тие задолженија. Родителите често им помагаат на детето да ги одложи работите што мора да ги заврши, но сепак, најдобро е тоа веднаш да се соочи со нив.
Преголемата и строга претпазливост може да биде исклучително штетна. Ако често му кажувате на детето дека одредени постапки се опасни и забранети, без да му објасните зошто е тоа така – тоа ќе стане неодлучно. Со конкретни информации, објаснете му на детето зошто нешто е опасно, за да ја сфати сериозноста на случувањата. И испраќањето измешани, нејаcни, двосмислени пораки, на пр. во смисла – „сѐ или ништо“ може само дополнително да ги збунат децата. Затоа, просто објаснете му зошто тоа нешто е важно. Со мирен тон, јаcно и двосмислено објаснете му какви се последиците.
И избегнувањето разговори за чувствата не е добро, ни за детето, но ниту за возрасниот. Важно е да знаете како се чувствува детето и да може јасно да ги изрази своите чувства пред Вас. Треба да му се објасни, на пр., дека стравот и нервозата се сосем нормални емоции. Слушајте што ви кажува и дојдете до заедничко решение преку разговор.
Пофалувањето на резултатите – наместо трудот, исто така, создава вознемиреност кај децата, што може да се одрази и подоцна во животот. Стравот од разочарување дека не направиле нешто како што треба, иако тоа е вон нивна моќ, може да предизвика висока анксиозност. Затоа, секогаш пофалувајте ги кога ќе се потрудат.
Поставувањето наведувачки прашања со однапред очекуван одговор, создава страв и не му остава простор на детето најсоодветно да ги изрази своите емоции и мисли.
Преземањето авторитативен пристап во родителството најмногу им штети на децата кои се посмирени. Ако имате повеќе деца, кои се различни по нарав, викањето и казнувањето може да ја зголемат анксиозноста кај помирното дете. Затоа, се препорачува избегнување авторитативен и строг пристап.