РОДИТЕЛИ, ВНИМАВАЈТЕ! Се појави страшен предизвик на социјалната мрежа Тик Ток – тинејџери намерно се предозираат со парацетамол: “Ова е голема опасност!“

На социјалните мрежи повторно се појави опасен предизвик, а полицијата од Велика Британија ги предупредува родителите да внимаваат на тинејџерите, бидејќи многу од се предозираат со парацетамол за да видат кој ќе остане во болница најдолго. 

Полицијата ги повика родителите да ги спречат нивните деца да се приклучуваат на беснеењата на Интернет кои вклучуваат и грабеж на улицата „Оксфорд“ и натпревари за предозирање со парацетамол и дрога. Поттикнати од видеата на социјалните мрежи, тинејџерите во Саутемптон земаат лекови против болки за да видат кој може да остане во болница најдолго во текот на викендот.

Минатата среда, полицијата употребила палки додека тинејџери организирале т.н. флеш-моб напад во центарот на Лондон, кој наводно бил инспириран од социјалната мрежа Тик Ток, иако на социјалните мрежи беше објавено дека нема докази за тоа. Полицијата уапсила најмалку пет лица откако полицаец бил удрен во лицето. 

Дона Џонс, претседател на Здружението на полицајци и комесари за криминал, за радио-програмата на BBC изјавил дека родителите треба да обрнат внимание на своите деца и да ги одвратат од ваквото однесување, пренесуваат тамошните медиуми. Дона Џонс истакна дека на социјалната мрежа Тик Ток се појавуваат опасни предизвици не само во Велика Британија, туку насекаде во светот.

Дона Џонс додаде дека и самите компании за социјални медиуми имаат одговорност и поттикна изработката на законите за социјалните медиуми да се забрза. 

Велика БританијаТик Ток