Руска брачна двојка е уапсена затоа што ја исекла својата 8-месечна ќерка на парчиња и ги сомеле нејзините делови од телото со помош на мелница за месо, пишува Daily Mail.
Детето починало кога нејзиниот татко Јаков Мајборода (33 г.) ја удрил додека се обидувал да ја удри нејзината мајка Анастасија, се наведува во извештајот цитиран од извори од руската полиција, пишува британскиот весник.
Откако сфатиле дека бебето починало, парот решил да го распарчи телото и да повика полиција, тврдејќи дека нивната ќерка била киднапирана. Меѓутоа, кога полицијата пристигнала во нивниот дом во јужниот руски град Ростов-на-Дон, го уапсила парот под сомнение за убиство.
Полицајците го пребарале станот и пронашле мелница за месо и ножеви со траги од крв, како и 13 кеси со посмртните останки на девојчето, објави Daily Mail, цитирајќи ги руските медиуми.
Според пишувањето на руските медиуми, соседите рекле дека често слушале врисоци од станот на парот откако се вселиле пред шест месеци и дека социјалните служби ги посетувале неколку пати.
Таткото Јаков Мајборода на денот на злосторството бил „понасилен од вообичаено“, а вревата и врисоците „наеднаш престанале“, велат соседите за руските локални медиуми.
„На денот на убиството тој бил понасилен од вообичаено, а потоа вревата и детскиот плач одеднаш престанале“, пишуваат руските медиуми и додаваат: „Соседите почувствуваа дека нешто не е во ред, но не можеа да замислат дека во тој момент зад ѕидот родителите се обидуваат да се ослободат од телото на нивната убиена ќерка“. Во извештајот од руската полиција се наведува:
„Речиси секој ден, другите жители слушаат малтретирање на брачниот другар и плачење на мало дете. Во текот на овие месеци неколку пати ги посетиле инспектори за малолетници“.
Против таткото, управител во компанија за производство на мед и неговата сопруга, педијатар приправник е поведена кривична постапка. Судијата на парот им одредил притвор до 28. јуни во очекување на понатамошна истрага.