Амбасадорот на ЕУ во Скопје, Михалис Рокас, денес во Охрид, позитивно го оцени Извештајот на Европскиот парламент, велејќи дека тој дава поддршка за процесот на интеграција на земјата и за процесот на реформи, особено за реформите во судството, борбата против корупцијата и другите предизвици со кои се соочува земјата.
Во врска со контроверзните членови во Извештајот за идентитетот и јазикот, тој рече дека Европскиот парламент е независна институција која донесува политички одлуки во согласност со внатрешните процедури.
„Најважно е да се нагласи дека идентитетот и јазикот не се дел од преговарачката рамка. Идентитетот и јазикот се подобро заштитени со полноправно членство во ЕУ“, рече Рокас.