„Работиме со забрзана динамика на граѓаните да им ги обезбедиме личните документи и дека 12 февруари не е краен рок, бидејќи документите ќе се издаваат и по овој датум“, уверува за ТВ21 началникот на полицијата, Оливер Спасовски.
„Морам да кажам дека досега имаме околу 1 милион и 210 илјади променети пасоши на територијата на Македонија и околу 1 милион и околу 100 илјади лични карти и околу 540 илјади возачки дозволи.
Прашан дали опозицијата обвинува дека ќе се прекрши лимитот, Спасовски рече дека такво нешто нема.
„Нема ограничување. Рокот е до 12 февруари, но издавањето на личните документи продолжува и по 12. Не создавајте впечаток во јавноста дека по 12 нема да има промени на документите“, рече Спасовски.