Легендарните Ролинг Стоунс по 18 години конечно го најавија објавувањето на новиот албум.
Во специјалната програма емитувана на Јутјуб со познатиот американски водител и комичар Џими Фалон, тие раскажаа сè за албумот „Hackney Diamonds“ и синглот „Angry“, а одговараа и на прашања од публиката.
Инаку, целиот настан се одвивал во театарот „Hackney Empire“ во Лондон, а легендите најавија дека албумот ќе излезе на 20 октомври.
Инаку, напоменаа и дека ова е прв албум со авторски песни од 2005 година и го споменаа тапанарот Чарли Вотс, кој почина во 2021 година на 80-годишна возраст.
– Секако дека ни недостига – рекоа, а Кит Ричардс додаде:
– Бидејќи го нема Чарли, сè е поинаку. Многу ни недостига, но поради него го имаме Стив Џордан, кого Чарли го препорача во случај нешто да му се случи – рече Мик Џегер и додаде дека Чарли сепак успеа да отсвири 2 песни со нив.
Ова е нивниот 31 студиски албум со авторски песни и музика (претходно беше Bigger Bang од 2005 година) и за жал прв без Чарли Вотс и рекоа дека може да се пушта секаде и во секое време.
Погоре слушнете го првиот сингл од овој долгоочекуван албум. Спотот го режираше Франсоа Русел, а во него се појавува актерката Сидни Свини, која беше во публиката за време на специјалното шоу.