Романската коалициска влада ја доби довербата од парламентот

Новата коалициска влада на социјалдемократскиот премиер Марсел Чолаку во понеделникот вечерта ѝ беше изгласана доверба во романскиот парламент, а пред неа е тешка задача да ја изведе земјата од кризата во која зајакна крајната десница.

Проевропската коалициска влада ја сочинуваат социјалдемократите на Чолаку, либералите од десниот центар и унгарската етничка партија UDRM. Вклучувајќи ги и претставниците на малцинствата, коалицијата контролира 54 отсто од местата во законодавниот дом.

По три последователни гласања за избор на нов претседател и парламент во државата членка на Европската унија и на НАТО која ја дели најдолгата копнена граница со Украина, настана хаос кога малку познат крајно десничарски проруски политичар Калин Џорџеску победи на првиот круг од претседателските избори на 24-ти ноември.

Поради сомневања за наводно руско мешање, кое инаку не беше докажано, Врховниот суд ги поништи изборите.

Но, поддршката за етаблираните партии се намали по повеќе кризи, вклучително и пандемијата на коронавирус и војната меѓу Русија и Украина. Гласачите беа лути и од внатрешно-политичките судири и обвинувањата за корупција. Три ултранационалистички и десничарски партии освоија приближно 35 отсто од пратеничките места на парламентарните избори на 1-ви декември, односно за тројно ги зголемија своите мандато во однос на претходните избори.

Новата влада беше изгласана со 240 гласа „за“ и 143 „против“. Етаблираните политичари на кои Брисел полагаше во справувањето со крајната десница и покрај обвинувањата за корупција, рекоа дека ја разбрале загриженоста на гласачите и желбата за промени, но сепак новата влада ги вклучува Чолаку и многу други поранешни министри.

Социјалдемократите ќе имаат осум министерски места, меѓу кои за правда, транспорт, труд и одбрана, а повеќето од актуелните министри ќе останат на своите функции.

Центристичките либерали ќе водат шест ресори, меѓу кои и министерствата за енергетика, внатрешни работи и за надворешни работи. UDMR ќе има две министерства, вклучувајќи го и финансиите.

Новата влада ќе треба да ги одобри датумите за одржување на два нови круга претседателски избори. Трите партии во коалицијата се согласија да поддржат заеднички претседателски кандидат за да ја спречат победата на крајната десница. Нивниот сегашен кандидат е Крин Антонеску, поранешниот лидер на либералите.

Владата, исто така, ќе се соочи со застрашувачкиот предизвик за намалување на буџетскиот дефицит од очекуваните 8,6 отсто од БДП оваа година, најголем во Европската унија, на околу 7 отсто во 2025 година, при што агенциите за кредитен рејтинг и аналитичарите очекуваат зголемување на даноците.

„Поголемиот дел од новата влада е многу тенок, а шансите новата влада да ги издржи сите четири години од мандатот се минимални“, оцени политикологот Сергиу Мискои од Универзитетот Бабес-Бољаи.