Рускиот олигарх, Роман Абрамовиќ, остави шокантно голем бакшиш во Турција.
Еден од најбогатите Руси му дал бакшиш од 175.000 лири на келнерот кој го служел во ресторан во Истанбул во престижниот анадолски кварт Хисарија во азискиот дел на метрополата. Тоа е нешто помалку од 5.500 евра.
За потсетување, минималната плата во Турција е приближно 355 евра.
Турските медиуми објавија дека Роман Абрамовиќ бил пречекан како крал во моден истанбулски ресторан што го посетил со пријателите. Задоволен од услугата и храната, милијардерот решил да ја покаже својата дарежливост и ја отворил торбата за да им се заблагодари на келнерите.
Медиумите пишуваат дека Роман Абрамовиќ наводно бил на вечера на традиционални турски деликатеси: зачинет адана ќебап, јагнешки јадења, пилешки крилца…
Милијардерот го напуштил ресторанот придружуван од вооружени чувари односно обезбедување.