Рома и Галатасарај и официјално го потврдија трансферот на италијанскиот репрезентативец, Николо Ѕаниоло кој во иднина ќе го носи дресот на клубот од Истанбул.
Офанзивецот бараше излезе од Рим и откако не заврши во друга средина во Топ 5 лигите во Европа се одлучи да каже „ДА“ за понудата од турскиот великан. Се работи за четири ипол годишен договор според кој во преостанатиот дел од оваа кампања ќе заработи 900,000, додека од наредната таа сума ќе биде 2.750.000 милиони евра.
Тој ќе има откупна клаузула од 35 милиони евра, а „волчицата“ ќе заработи 20 проценти од следната продажба на играчот.
Во Галата ќе го дочекаат познати лица од Италија како Мертенс и Икарди, тука е и Сержо Оливеира со кого ја делеше соблекуввалната минатата кампања.