Рома на лето ќе се обиде да го убеди Јирген Клоп да ја води “Волчицата“

Тренерот на Ливерпул, Јирген Клоп би можел да ја предводи Рома, пренесува Il Messagero.

Според италијанскиот медиум, Рома може да започне со потрага по нов тренер доколку тимот не покаже константни резултати под водство на Даниел де Роси, кој го презеде тимот во јануари.

Доколку Даниел де Роси замине, римјаните ќе се обидат да го убедат Јирген Клоп да стане нов тренер на тимот.

На 26. јануари, Јирген Клоп го објави своето заминување од Ливерпул на крајот на сезоната. 56-годишниот фудбалски стручњак ги води „Мерсисајдерите“ од 2015 година. Под негово водство Ливерпул освои седум трофеи, освојувајќи ја Премиер лигата, ФА купот, Лига куп, национален Суперкуп, Лига на шампиони, Суперкуп на УЕФА и Светско клупско првенство.

Јирген КлопРомафудбал