Во 2020 година, Роналдињо заврши зад решетки поради користење на лажен парагвајски пасош. Иако не сака јавно да зборува за тој период поминат во затвор, сега откри интересен детал.
Имено, тој призна дека имал посебен третман додека ја отслужувал казната.
„Влегов во затворот убеден дека ќе ме тепаат секој ден и ќе ги прават ужасните работи што обично ги прават во затворот, но наместо тоа затворениците веднаш ги повикале чуварите. Тие побарале топка за да им покажам трикови и да се забавуваме, наутро игравме натпревари пет на пет со голамн“, изјавил Роналдињо, чиј тим бил непоразен на тие натпревари во затворот.