– Фудбалската ѕвезда Кристијано Роналдо за време на престојот во Иран доби традиционален персиски тепих како подарок.
Саудискиот Ал Наср, за кој Роналдо настапува во групната фаза на азиската Лига на шампиони (АФЦ), ќе има средба во Техеран со иранскиот претставник Персеполис.
Претседателот на Персеполис, Реза Дарвиш, му подари персиски тепих на Роналдо, кој заедно со саудискиот тим пристигна во Иран.
Традиционалните персиски теписи се меѓу најубавите и најиздржливите теписи во светот, а различните региони развиле свои карактеристични модели и стилови. Употребата на висококвалитетна волна, природните бои и фината изработка обезбедуваат долг живот на овие издржливи теписи.
Натпреварот меѓу Персеполис и Ал Наср е закажан за вторник од 20 часот.
Во групата „Е“ од азиската Лига на шампиони се и катарскиот Ал-Духаил и Истиклол Душанбе од Таџикистан.