– Кристијано Роналдо го доби случајот против Јувентус за неисплатени плати во износ од 19,5 милиони евра, објави „Газета дело спорт“. По даноците, пак, напаѓачот ќе добие само 9,77 милиони евра.
Пандемијата на коронавирус која избувна во пролетта 2020 година донесе проблеми за италијанскиот гигант. Поради финансиските проблеми кои следеа, клубот се договори со своите играчи да им исплати само дел од платите, а по извесно време, кога работите се стабилизираа, да им го исплатат остатокот. Така Роналдо се согласи на оваа шема, но така Јуве никогаш не му го плати она што му го должи.
Во врска со ова, Роналдо поднесе тужба и на крајот ја доби. Згора на тоа, „бјанконерите“ сега ќе треба да му ја платат и каматата за предметната сума.
Кристијано играше за италијанскиот тим од 2018 до 2021 година и забележа 134 натпревари со 101 гол и 22 асистенции.