Роналдо го избра најтешкиот противник во кариерата: Тој човек не ти дава да дишеш (видео)

Еден од најдобрите фудбалери на сите времиња, Португалецот Кристијано Роналдо, откри кој му бил најтешкиот противник во кариерата.

Во текот на својата исклучително богата кариера, Роналдо се соочи со многу одлични дефанзивци, а најголем проблем беше поранешниот ас на Челзи и Англија, Ешли Кол.

„Водев големи битки со него низ годините. Човекот не ти дава ниту една секунда да здивнеш. Беше толку упорен играч кога беше на својот врв – брз, тежок во дуелите . Знаев дека никогаш нема да биде лесно против него, Ешли Кол е дефинитивно најтешкиот противник со кој сум се соочил во кариерата“, призна Роналдо.