Португалскиот фудбалер Кристијано Роналдо дебитираше во Премиер лигата на Саудиска Арабија откако му донесе бод на својот Ал Наср на гостувањето кај Ал Фатех (2:2).
Роналдо не може да каже дека блескаше во првите три настапи за Ал Наср. Неговиот тим испадна од Суперкупот, а тој не се прослави ниту во лигата.
Сепак, во судиското надополнување на третиот натпревар, тој конечно дебитираше во дресот на својот нов клуб. Тој погоди од пенал длабоко во судиското надополнување и на тој начин му донесе бод на својот тим.