Кристијано Роналдо никогаш не ја криел својата љубов кон луксузот. Португалецот кој игра во Ал Наср е најплатен фудбалер со приход од 200 милиони евра годишно, а покрај тоа има и бројни дополнителни привилегии.
Роналдо на социјалните мрежи се пофали со новиот часовник создаден од познатата американска компанија за луксузни часовници и накит „Jacob and Co“.
На Роналдо му направија нов часовник со неговиот лик, со зелен бројчаник и 26 бели дијаманти.
Цената на овој часовник е вистинска ситница за Роналдо, но на „обичниот“ човек тоа е премногу бидејќи тој чини дури 105.000 евра.
Инаку, Роналдо речиси 20 години ја рекламира познатата американска компанија која претходно за него го создаде часовникот Caviar Tourbillon.