Кристијано Роналдо, фудбалерот на Ал Наср доби тепих од претседателот на иранскиот клуб Персеполис како подарок.
Се се случи во пресрет на мечот од азиската Лига на шампиони во кој ирански Персеполис во Техеран се сретна со тимот од Саудиска Арабија.
Претседателот на матичниот клуб Реза Дарвиша на Роналдо му подари персиски тепих вреден 650.000 евра. Персиските килими се познати по нивната убавина и издржливост, а секој регион во Иран има свои карактеристични дезени и стилови.
Овие теписи се изработени од висококвалитетна волна, природни бои и внимателна изработка, што им овозможува да траат долго.
Во групата Е од Лигата на шампионите, покрај овие два клуба, играат и катарскиот Ал-Духаил и таџикистанскиот Истиклол Душанбе.