Португалскиот фудбалер Кристијано Роналдо е осуден на 99 удари со камшик во Иран поради прељуба, објавија локалните медиуми, а објави „Дејли мејл“.
Португалецот го прекрши законот во септември кога го посети Персеполис во Техеран со својот клуб Ал Наср во натпревар од азиската Лига на шампиони.
Роналдо, кој е во врска со Џорџина Родригез и живее со неа во Ријад, Саудиска Арабија, го направил непростливиот грев според мислењето на Иранците со тоа што јавно прегрнал друга жена.
Имено, тој за време на престојот во Техеран ја запознал сликарката Фатемех Хамами, која е парализирана 85 отсто од телото и е во инвалидска количка, но тоа не ја спречува да слика – со нозете.
Таа сакаше да му подари на Роналдо два негови портрети кои таа ги наслика, а тој за возврат и’ подари потпишан дрес, а потоа и’ пријде и ја прегрна и ја бакна во образ!
Иранскиот печат тврди дека неколку ирански адвокати поднеле тужби против Кристијано Роналдо поради оваа постапка, бидејќи според иранскиот закон допирањето жена е еднакво на прељуба.
Иран би можел да го помилува Кристијано Роналдо под услов да покаже каење, а поверојатната опција е казната од 99 удари со камшик да му биде заменета со парична казна.