Во Лигата на нации, Португалија ја победи Шпанија по подобро изведување на пенали (5:4), откако во регуларниот дел од натпреварот беше 2:2.
Фудбалерите на Шпанија водеа двапати со головите на Мартин Зубименди и Микел Ојарзабал во 21-та и 45-та минута, а Португалија се врати преку Нун Мендеш во 26-та и Кристијано Роналдо во 61-ва минута.
По 90 минути, резултатот беше нерешен 2:2, а во продолженијата мрежите повеќе не се тресеа, па победникот беше решен со изведување на пенали.
Рамос, Витиња, Бруно Фернандеш и Нуно Мендеш погодија за Португалија, од друга страна прецизни беа Мерино, Баена, Иско, но во четвртата серија Диего Коста го одбрани ударот на Мората.
Рубен Невеш постигна гол за конечни 5:4 и втората титула на Португалија во Лигата на нации, откако ја освоија премиерната титула во ова натпреварување во 2019 година победувајќи ја Холандија со 1:0.
Како што се очекуваше, во центарот на вниманието беше Кристијано Роналдо, кој не можеше да го гледа изведувањето на пенали од клупата за резервни играчи, а кога Португалија победи, падна на земја и заплака од радост.
Иако освои сè што може да се освои, изливот на емоции на Роналдо е само потврда за тоа колку го сака фудбалот и покрај тоа што е на врвот на својата кариера.
Претходно во неделата, Франција ја победи Германија со 2-0 во натпреварот за третото место.