Роналдо одлучи каде ќе игра следната сезона, ја соопшти својата одлука пред новинарите

Откако ја освои Лигата на нации со Португалија, Кристијано Роналдо ги разјасни бројните шпекулации за неговата иднина и потврди каде ќе игра следната сезона.

Роналдо (40) објасни дека ќе остане во Ал-Наср следната сезона, и покрај бројните гласини за можно заминување.

Неговото име се поврзуваше со неколку клубови како Бока Јуниорс или Видад Казабланка кои учествуваат на Светското клупско првенство, на кое Ал-Наср не игра, но Роналдо ќе остане во Саудиска Арабија.

„Не можеш да освоиш сè, мора да размислуваш краткорочно, среднорочно и долгорочно. Решив да не одам на Светското клупско првенство, иако е вистина дека имав многу контакти“, изјави Роналдо за португалските медиуми.

https://twitter.com/ActuSPL/status/1931859721025380842

Исто така, имаше гласини дека Роналдо би можел да се пресели во друг поамбициозен саудиски клуб откако Ал-Наср не успеа да ја освои титулата, но тој рече:

„Практично ништо нема да се промени. Дали ќе бидам во Ал-Наср? Да“, рече Роналдо, со што ги реши сите дилеми околу тоа каде ќе игра следната сезона.

Да потсетиме дека во финалето на Лигата на нации, Португалија ја победи Шпанија по подобро изведување на пенали (5:4), откако во регуларниот дел од натпреварот беше 2:2.