Роналдо откри кој е најлошиот играч со кој играл

Легендарниот бразилски напаѓач „Зуба“ Роналдо според многумина е еден од најдобрите во историјата на фудбалот.

Сите знаеме дека повредите го спречија да достигне уште поголеми височини, иако поранешниот фудбалер на Барселона, Реал Мадрид, Интер и Милан сепак остави длабока трага на најважната споредна работа во светот.

Многу луѓе навистина сакаа „Зуба“ да им биде соиграч, а во едно интервју тој дури кажа и кој за него бил најлошиот играч со кој играл.

“Томас Гравесен беше навистина одлично момче, прекрасна личност. Пред некој ден освои турнир во покер за 50 милиони долари или нешто слично. Но, на фудбалскиот терен беше ужасен, играше силно, шутираше силно. Беше на шега”, изјави Роналдо и додаде:

Трчаше многу, но кога ќе добие десет топки, веднаш губи девет“, се пошегува актуелниот претседател на Ваљадолид.

Тој го кажа и своето мислење за тоа кој е најдобар. „Наградата“ ја примија: Роналдињо на репрезентативен план и Зинедин Зидан на клупски план.

„ Најдобри беа Роналдињо во репрезентацијата и Зидан на клупско ниво. Зизу имаше многу стил, тој беше различен, многу технички вешт, се изгледаше едноставно“, изјави „вистинскиот“ Роналдо.