РОНАЛДО ПАДНА НА ПРОВОКАЦИЈА – Младо момче му порача на Португалецот дека Меси е подобар, а тој не остана должен и му возврати! (видео)

Кој е подобар ? Пеле или Марадона ? Меси или Роналдо ? Мбапе или Халанд ? Сомнежите ќе бидат вечни, секој во ваква фудбалска дискусија има свои аргументи и свои фаворити.

Сепак, многу е интересно кога во дискусијата се приклучуваат и некои од споменатите актери. А токму тоа му се случи на Кристијано Роналдо минатиот петок на стадионот Ал Насра во Саудиска Арабија.

Роналдо пристигна во арапскиот свет за големи пари од Манчестер Јунајтед, а низ својата богата кариера доживеа бројни овации, но и чести провокации.

Овој пат тоа беше мала провокација упатена кон него од момче во тунелот кој води до соблекувалните.

Меси е подобар од тебе!“, му се обрати младичот на Португалецот, а Роналдо не му остана должен и возврати:

Тогаш оди гледај го него, зошто си тука…

Одговорот на Роналдо стана вирален на социјалните мрежи. Едноставно фудбалерот не можеше да ја премолчи споредбата со најголемиот ривал кој се уште настапува во Европа.

Кристијано РоналдоЛионел Месифудбал